Зеленски пристигна во Лондон: Стармер го пречека по хаосот во Вашингтон

од Даниел Ѓорѓиевски
143 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Лондон, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер пред седиштето на британската влада. Толпата собрана пред зградата на владата воодушевуваше додека претседателската колона се движеше кон влезот на британската влада, објави Скај њуз.

Посетата на Зеленски доаѓа еден ден откако тој се сретна и се судри со Доналд Трамп во Белата куќа и неколку дена откако Стармер се сретна со американскиот претседател. Пред почетокот на средбата меѓу двајцата лидери, Стармер ја повтори поддршката на Лондон за Украина, велејќи дека „стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно“. Тој, исто така, ја истакна својата „непоколеблива решеност“ да постигне траен мир за Украина, јавува Би-Би-Си.

Зеленски му се заблагодари на Стармер за неговата поддршка и на кралот Чарлс III што се согласи да се сретне со него во недела. „Ние сме среќни што имаме такви партнери и такви пријатели“, рече тој. Зеленски претходно ја потврди средбата со Чарлс Трети.

Во недела Стармер ќе биде домаќин на самитот на европските лидери на кој ќе се разговара за завршување на руско-украинската војна и за пошироката европска одбрана.

Слични содржини