Зеленски: Русите за нападот во Одеса ќе добијат чесен одговор

од Симе Стоиков

Две руски проектили „Искандер-М“ истрелани од полуостровот Крим, окупиран од Москва, погодија во петокот станбена област во Одеса, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер на националната телевизија.

Нападот врз цивилната инфраструктура беше најсмртоносниот напад на Русија во последните неколку недели, откако Москва неодамна ги засили нападите врз пристанишниот град.

Некои жители се соочија со прекин на гасот и електричната енергија поради нападот, додаде тој.

Вториот проектил усмртил лекар и спасувач откако тие дошле на местото на настанот за да ги лекуваат повредените во првиот напад. Десет лица се тешко повредени, рече Кипер.

По ова Зеленски се огласи преку Телеграм каде што напиша:

„Нашите одбранбени сили дефинитивно ќе направат се за руските убијци да го почувствуваат нашиот чесен одговор“.

Утре, сабота беше прогласена за локален ден на жалост. Во нападот е уништен трикатен рекреативен објект, како и најмалку 10 приватни куќи, соопшти Јужната воена команда.

Слични содржини