Зеленски: Руските напади ќе бидат сè посилни со доаѓањето на зимата

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека руските напади со дронови и ракети врз Украина ќе станат сè посилни со доаѓањето на зимата, но дека Украина силно ќе одговори.

„Оваа ноќ имаше околу четириесет Шахеди. Повеќе од половина беа соборени. Чуварите на небото беа ефективни на територијата на десет региони – Харков, Запорожје, Херсон, Николаев, Одеса, Киев, Кировоград, Виница, Хмелницки, Лавов. Свесни сме дека како што се приближува зимата, руските терористи ќе се обидат да направат сè поголема штета. Ќе му одговориме на непријателот. Силно“, наведе Зеленски на Телеграм.

Руските војници синоќа ја нападнаа Украина со околу 40 дронови Шахед и управувана ракета Х-59, јави агенцијата Униан, додавајќи дека украинската противвоздушна одбрана уништила 24 дронови и ракета Х-59.

Голем дел од дроновите биле истрелани во регионот Лавов – 16 од нив.

Слични содржини