Зеленски: Северен тек 2 закана за безбедноста на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека прашањето за изградба на гасоводот „Северен тек 2“ треба да биде предмет на преговори меѓу Нормандската четворка, бидејќи тоа претставува закана за безбедноста на Украина.

„Ѝ реков на г-ѓа [Ангела] Меркел дека само гаранциите на Германија не се доволни, бидејќи Русија е предмет на сите овие прашања. Говорејќи за енергетската безбедност, потребни ни се гаранции од Европската унија, Германија и Франција. Прашањето за Северен тек 2 потребно е да биде вклучено во нормандскиот процес“, рече тој по средбата со германската канцеларка во Берлин.

Зеленски истакна дека Украина има ризик да биде исклучена од транзитот на гас, а потоа целата територија на Украина, „вклучително и привремено окупираната земја“, ризикува да остане без бензин, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на руски медиуми.

„Ова треба да биде предмет на гаранции на сите учесници во Нормандскиот процес“, рече тој.

Меркел рече дека Германија ќе продолжи да го поддржува транзитот на гас преку Украина и во иднина, како и дека тоа ќе го сторат сите наредни канцелари после неа.

„Ние ѝ го ветивме ова на Украина и ќе го почитуваме. Ќе се осигурам дека ова се однесува и на сите идни канцелари. Јасно ни е, и Русија го знае тоа, дека транзитот на гас преку Украина е дел од целиот пакет увоз на гас “, рече таа.

Слични содржини