Зеленски со Путин би разговарал само за ослободување затвореници

од Aleksandar Petrovski

Украинскиот претседател Володомир Зеленски информира дека не е закажана средба со неговиот руски колега Владимир Путин на Светскиот форум за Холокаустот. Зеленски најави дека при евентуална средба со Путин планира да зборува само за ослободување на затворениците.

На Светскиот форум за Холокаустот, кој се одржува денеска и утре во Ерусалим, Зеленски ќе има средба со израелскиот претседател Рувен Ривлин, премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високорангирани израелски претставници.

Петтиот светски форум за Холокаустот ја слави 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау, како и Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Шефовите на држави или влади од 46 земји, вклучувајќи ги Русија, Франција, САД, Германија, Италија и Австрија, се очекува да присуствуваат на Форумот во Меморијалниот центар Јад Вашем во Ерусалим. 

Слични содржини