Зеленски: Украина може да произведува 4 милиони беспилотни летала годишно

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека земјата може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно и брзо го зголемува производството на друго оружје.

Обраќајќи им се на шефовите на десетици странски производители на оружје во Киев, Зеленски рече дека Украина веќе има договорено производство на 1,5 милиони беспилотни летала оваа година, пренесe Ројтерс.

„Во екстремно тешките услови на војната под постојани руски напади, Украинците успеаја да изградат практично нова одбранбена индустрија“, рече Зеленски.

Украина тројно ќе го зголеми вкупното домашно производство на оружје во 2023 година, а потоа повторно ќе го удвои тој број само во првите осум месеци од оваа година, рече премиерот Денис Шмихал на истиот собир.

Украинските власти не дадоа апсолутни бројки, но Ројтерс известува дека Украина сега троши околу половина од државниот буџет за одбрана или околу 40 милијарди долари.

Слични содржини