Зелински разговараше со Бајден: САД ќе ја чува Украина од руската агресија

Денес, по разговорите со американскиот претседател Џо Бајден, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека неговиот американски колега му рекол дека Вашингтон нема да ја напушти Украина пред „руската агресија“.

“Разговаравме за ситуацијата во Донбас во источна Украина. Претседателот Бајден ме увери дека Украина никогаш нема да остане на цедило пред руската агресија”, рече Зеленски за време на говорот на украинската телевизија.

Бајден и Зеленски разговараа по телефон 50 минути, а Зеленски исто така потенцираше дека САД се клучен партнер на Украина, објави Ројтерс.

Слични содржини