Земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит, а епицентарот бил северно од Ираклион.

Земјотресот бил на длабочина од 14,4 километри, пренесува „Катимерини“.

Засега нема извештаи за евентуална штета.

Претходно, рано утринава во 06:12 часот на тоа подрачје биле регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, а биле забележани и неколку послаби земјотреси.

Слични содржини