Земја која подарува 10 милиони напуштени куќи

од desk2
99 прегледи

Јапонија подарува или продава по многу ниски цени напуштени куќи и поседи.

Оваа земја има повеќе од 10 милиони напуштени домови, а идејата за подарување на овие објекти настана со цел да се помогне на младите двојки што полесно да дојдат до дом.

Куќите се нарекуваат „акија“ што значи напуштени, а обично се наоѓаат во рурални области кои младите луѓе се почесто ги напуштаат за заминување во град.

Јапонија брои популација од 127.185.333 жители што е значително помалку од бројот жители на пописот 2010 година кога имало милион и половина повеќе жители.

Областите во кои Јапонија сака да го подигне наталитетот и да го сопре заминувањето во град се Кагошима, Кочи и Вакајама за кои се прогнозира дека ако вака продолжи до 2033 година повеќе од 30 отсто домови ќе бидат напуштени.