Земјотрес од 4,6 степени ја погоди Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денес го стресе грчкиот остров Касос, соопшти денеска атинскиот институт за геодинамика.

Епицентарот на земјотресот бил во морето на 49 километри северозападно од Касос во Егејското Море и 357 југоисточно од Атина.

Засега нема податоци за човечки жртви или материјална штета.

Слични содржини