Земјотрес од 4,6 степени во Атина, нема податоци за штети

од Vladimir Zorba
64 прегледи

  Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер ја погоди Атина и централна Грција рано утринава. Нема податоци за штети

Националната опсерваторија на Атина информира дека земјотресот се случил во 06 часот и 2 минути во Коринтскиот залив, на длабочина од пет километри.

Според Американската служба за геолошки истражувања, епицентарот бил на 79 километри северозападно од Атина.