Земјотрес со епицентар во соседна Грција беше регистриран вечерва во 19:50 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, потресот потекнува од подрачје во Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје, и имал локална Рихтерова магнитуда од 3,7 степени.
Од Опсерваторијата информираат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.