Земјотрес во Албанија ја стресе и Македонија

од Nikola Popovski
670 прегледи

Земјотресот што утрово ја потресе Албанија, бил почувствуван и во делови од Македонија. Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3,6 степени според Рихтер, на длабочина од 15 километри, со епицентар на 19 километри северо-источно од градот Елбасан.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека потресот се случил во 6 часот и 32 минути, со епицентар на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3.6 степени.

Земјотресот бил почувствуван во реонот на Охрид и Кичево.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Слични содржини