Земјотрес во Албанија ја стресе и Македонија

од Nikola Popovski
272 прегледи

Синоќа земјотрес ја погодил Албанија, при што бил почувствуван и на територија на Македонија. Земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, со епицентар на 22 километри североисточно од Елбасан и на длабочина од 8 километри.

Во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје се наведува дека земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од земјата, и тоа во Дебар и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

-Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3. 2, додаваат од домашната опсерваторија.

Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 22 километри североисточно од Елбасан и на седум километри западно од градот Либражд.

Нема информации за причинета материјална штета.

Слични содржини