Земјотреси во Охрид станаа ноќен кошмар – охриѓани се без сон, исплашени и вознемирени чекаат почвата да се смири

од Vladimir Zorba
106 прегледи
Ноќите станаа кошмар, повеќе од 20-ти ден охриѓани се без сон, исплашени и вознемирени чекаат почвата да се смири, информира ТВ24.
И додека преку ден мислат дека нема опасност и се е готово, само што ќе се стемни земјата почнува повторно да се тресе.
Така беше и синоќа на четири минути по полноќ кога силно тресење и бучава го здрма Охрид. Станицата измерила земјотрес од 3,7 степени со епицентар во селото Косел.И како тоа да беше малку следуваа уште  седум помали последователни потреси. Охриѓани  велат агонијата и несоницата повеќе не се издржува, ни седативи ни ништо не им помогаат.
Во меѓувреме, дежурните сеизмолози повторно испраќаат смирувачки пораки. До граѓаните да останат смирени и да не паничат, а медуимите да не ги вадат од ракав бројките за јачината на земјотресите и да подгреваат паника и страв кај населението.
Меѓудругото апелираат граѓаните да се вратат дома и да не стравуваат од посилни земјотреси, иако никој не може да ги предвиди не е очкеувано да има потрес поголем од 5 степени, кој се случи во понеделникот. Дополнително објектите се издржливи и тестирани на посилна јачина за која охридскиот регион нема потенцијали.
Тлото под Охрид непрeстано се тресе 21 ден. Иако се проретчија поради потресите стотици граѓани сеуште не сакаат да се вратат дома. Преспиваат во кампови, шатори, дворови и автомобили. Градот е полуиспразнет, земјотресите ги избркаа и домашните но и дел од странските гости. Угостителите се исплашени дека ваквата ситуација ќе им ја уништи сезоната./ТВ24