Зетот на Трамп, Џеред Кушнер, на изборите регистриран како жена

од desk2
87 прегледи

Џеред Кушнер, зет и еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, последните осум години на пописот е регистриран како жена. Документите на пописот на избирачи во Њујорк го наведуваат полот на Кушнер како женски, а скенираните делови од документот ги објави Wired.

Од објавените фотографии се гледа дека Кушнер се регистрирал на избирачкото место во октомври 2009 година. Поранешниот инспектор за недвижности не ја коментира оваа вест па не е познато како дошло до грешката. BBC пишува дека најверојатно се работи за измама затоа што за да дојде до грешка гласачот мора да даде лажни податоци.

Доналд Трамп минатата година, по изборите во САД во 2016 година, константно спомнуваше дека милиони луѓе во САД гласаат илегално, но не понуди докази. Тој формираше и посебна комисија која требаше да ја истражи изборната измама, но најмалце 20 држави одбија да дадат податоци за регистрираните бирачи, вклучувајќи ги нивните имиња, адреси и историја на гласање.

Ова не е прв пат Џеред Кушнер да има проблем со пополнување формулар. Во јули мораше три пати да пополнува и да коригира формулари за безбедносно одобрување. Прво делот со странски контакти го остави празен, за на крај да го пополни со стотина имиња. The Washington Post објави дека погрешно ги исполнил датумите на дипломите и не ја дал адресата на својот дедо Доналд Трамп.

Информацијата за погрешниот пол на Кушнер доаѓа еден ден по веста дека тој и неговата сопруга Иванка, како и низа други соработници на Трамп, ги користеле приватните мејлови за разговор на теми од Белата куќа.

Трамп во текот на кампањата ја нападна противкандидатката Хилари Клинтон дека го користела приватниот имејл за работа додека била на местото на државна секретарка, дури бараше и да ја уапсат. Клинтон оваа ситуација ја нарече врв на лицемерието.