Во вчерашната статистика на Министерството за здравство беше пријавено забележано 34-годишно лице од Скопје кое ја загубило битката со коронавирусот.
Вчера беа регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19, додека починати се 18 лица.
Министерот за здравство Венко Филипче и викендов упати апел до граѓаните да се собираат на семејни прослави.
-Да се посветиме на семејството за време на празниците, а прославите со повеќе пријатели да ги оставиме за следната година. Да не дозволиме убавите моменти да станат лоши спомени. Пропуштените прослави ќе ги надоместиме лесно, но сега да мислиме на здравјето и да им помогнеме на здравствените работници. Го честитам празникот Св.Никола на сите оние кои го празнуваат, непиша Филипче.
Почна обуката на медицински сестри
Министерството за здравство и Светската здравствена организација поддржани од Работната група за унапредување на сестринската дејност ја изготвија обуката за медицински сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ).
Од Министерството за здравство во денешното соопштение појаснуваат дека обуката е изготвена како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита промовиран во земјата во почетокот на 2019 година. Двата модули работилници траат до 30 декември, а останатите модули ќе продолжат во 2021 година.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78305, бројката на оздравени пациенти е 54034, на починати е 2292, а бројот на активни случаи изнесува 21979.