Зголемен бројот на активни случаи – најмногу заразени има во овие градови

од Берта Китинска

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје се половината од активните случаи со ковид 19 или 3190. Следи Куманово со 446 активни, Велес – 309, Прилеп – 245, Битола – 201.

Изминативе денови забележан е и пораст на активните случаи во последните пет дена. На 20 октомври имало околу 5700 активни случаи, а вчера беа регистрирани околу 6.200.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а на активни случаи изнесува 6.187.

Слични содржини