Швајцарските научници го открија вирусот на ковид-19 во ниски концентрации во канализационите води, што овозможува можен нов начин на рано предупредување на нови жаришта во време кога многу земји ги ублажуваат или укинуваат ограничувањата наметнати за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Доколку овој метод се докаже ефикасен, анализата на примероците од отпадни води од канализација ќе му овозможи на здравствениот систем да открие рано повторување на епидемија на вирусот корона, дури и една недела пред да може да го покажат дијагностичките тестови, проценуваат експертите.
Вирусот на корона е респираторно заболување предизвикано од вирусот ковид-19. Повеќе од 3,3 милиони луѓе се заразени ширум светот, а над 234.000 умреле.
„Отпадните води не лажат и го одразуваат она што граѓаните го празнат изминативе неколку часови“, вели водачот на тимот Кристоф Орт од Федералниот институт за наука и технологија на вода од Швајцарија, пренесува Ројтерс.
Научниците од Федералниот институт за технологија во Цирих (ЕТХ) и Лозана (ЕПФЛ) велат дека овој метод на набљудување сè уште треба да се подобри пред да се извлечат јасни заклучоци за концентрацијата на вирусите во примероците, но дека нивните првични резултати се охрабрувачки.
Беа анализирани отпадни води од Лозана, Цирих и Лугано, вклучително и примероци од последните две места што ги собраа кон крајот на февруари, кога беа регистрирани првите случаи на инфекција во Швајцарија.
Вирусот корона бил откриен во сите примероци, а концентрацијата на вирусот во најновите примероци беше толку голема што анализата беше многу едноставна. Сепак, во примероците во февруари, не беше лесно да се утврди постоењето на вирусот Ковид-19.
– Не очекувавме дека ќе успееме да идентификуваме ништо во отпадните вода во Лугано во време кога имало само еден случај на инфекција од Цирих, кога таму биле регистрирани само шест пациенти, вели Тамар Кон од ЕПФЛ.