Евроамбасадорот Самуел Жбогар по вчерашната средба со премиерот Заев изјави дека по деблокирањето на работата на Собранието и формирањето на новиот владин кабинет, следуваат реформи и деблокирање на eвроатланскиот процес.
„Ние сметаме дека сега е моментот кога треба да започне вистинската работа. Да се започне со остварување на реформите, јас на средбата со премиерот ја изразив нашата подготвеност да помогнеме, да дадеме поддршка, ние сме подготвени да ги понудиме потребните препораки со цел владата да ги спроведе реформите, но на крајот одлуките треба да ги донесе самата влада. Ние, исто така, расправавме за важни прашања од дискусија со сите политички партии и со општеството и за потребните реформи за евроатланска интеграција на Македонија.“