Активностите на учесниците на двојните избори за претседател на 24 -ти април и за пратеници на 8 -ми мај се интензивираат.
Најголемите политички партии викендов ги презентираа програмите за парламентарните избори, а дел ги промовираа и носителите на листите за пратеници, како и претседателските кандидати.
Денеска се очекува да биде познат и редоследот на кандидатите за претседател на избирачкото ливче.
Државната изборна комисија напладне ќе изврши ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на државата, а потоа и ждрепка за распределба на рекламните паноа и билборди.
Роковите за изборните дејствија течат, донесени се одлуки за едукација на изборните органи, а најдоцна до 2-риаприл до ДИК треба да бидат доставени и кандидатските листи за пратеници.