Жена отворила оган во црква во САД: Меѓу ранетите и петгодишно момче, објавени детали

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Две лица се ранети, меѓу кои и едно петгодишно момче, кое е во критична состојба, откако жена облечена во мантил отворила оган со пиштол во црква на Тексас.

Повредени се петгодишно момче и 57-годишен маж.

Момчето било пренесено во локалната детска болница во Хјустон, додека мажот е во стабилна состојба откако бил погоден во колкот.

Двајца полицајци, кои не биле на должност, а работеле како обезбедување во црквата, возвратиле со оган и ја убиле жената напаѓач, пренесува АП.

Инцидентот се случил вчера нешто пред 14 часот во градот Хјустон, кога жената влегла во големата црква Лејквуд, која може да прими 16.000 луѓе.

АП додава дека деталите за конфликтот во црквата се нејасни, а полицијата не го соопштува идентитетот на жената  напаѓач ниту евентуалниот мотив.

Шефот на полицијата во Хјустон, Трој Фајнер, рече дека „трагедијата можеше да биде многу полоша“ доколку двајцата полицајци не се соочија со жената.

Слични содржини