Жена полковник првпат номинирана за генералски чин во албанската армија

од desk3
99 прегледи

Албанското Министерство за одбрана првпат номинираше една жена за добивање генералски чин, пренесува БТА.

ushtria_shqiptare

Од кабинетот на албанскиот министер за одбрана, Мими Кодели, денеска информираа дека жена полковник е предложена за генерал.

Името на жената не се споменува бидејќи процедурата за нејзино номинирање уште не е целосно завршена.

Кодели, која во 2013 година седна во министерската фотелја како прва жена министер за одбрана на Албанија, предложи и три жени за добивање чин полковник. Таа го зголеми бројот на жени во униформи до 14 отсто од вкупно околу 8.500 лица воен персонал во албанската армија./MИА