Една жена беше спасена денеска од урнатините на зграда во јужниот турски град Хатај, 203 часа откако разорните земјотреси ја погодија областа.
„Ројтерс“ наведува дека локалните медиуми првично објавиле дека е спасен маж, но дека подоцна државната телевизија ТРТ објавила дека жена била извлечена од урнатините.