Жените алкохоличарки имаат проблеми со мозкот

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Американските научници открија доказ дека алкохолизмот влијае многу посериозно на системот за наградување во мозокот на жените отколку кај мажите, пренесе агенцијата УПИ.

Системот за наградување во мозокот се состои од амигдала и хипокампусот, кои ја потврдуваат корисноста од искуството и земаат учество во создавањето на спомени и донесувањето одлуки.

За истражувањето научниците собраа 60 лица, кои се откажале од долгогодишна алкохолна зависност и ги разделиле во групи подеднакво – 30 жени и 30 мажи. Тие собраа и еднаква по големина група на волонтери без проблеми со алкохолот. Учесниците поранешни алкохоличари го почитувале режим на апстиненција од 4 недели до 38 години.

Сите преминаа невропсихологички проценки и магнетна резонанца, за да се земат во предвид промените во мозочната структура. Истражувањата ги спровеле научниците од болницата во Масачусетс и училиштето за медицина кон Бостонскиот универзитет.

Тие открија дека структурата на системот за наградување во мозокот  кај жените алкохоличарки е поголема отколку кај оние кои не страдаат од зависноста. Во исто време истите структури се помали во главниот мозок на мажите алкохоличари, во споредба со оние кои не се алкохолно зависни.