Посилниот пол секогаш знае што сака. Мажите цврсто ја изјавуваат својата сексуалност и се дефинираат како апсолутно хетеросексуални или како гласни хомосексуалци. Кај дамите истиот прашање не стои така и тие се повеќе се впуштаат во експерименти и со двата пола, без да решат категорично – мажи или жени .
Се повеќе ѕвезди веќе се дефинираат себе си како бисексуални како Мајли Сајрус, Меган Фокс и други. Супермоделот Кара Делевин е доволно инсајдер, за да изјави како нејзината привлечност кон жени е само фаза од нејзиниот живот, пишува “Секој ден”.
“Се заљубив во девојка за прв пат на 20 години. Жените ме инспирираат целосно и исто така се мојата пропаст, затоа што сум била оштетена само од жени. Од друга страна, имам еротски соништа само со мажи. Ако некогаш најдам таков во кој ќе се вљубам, сигурно ќе сакам да се омажам за него и да имаме деца. И тоа ме плаши до смрт, бидејќи во мене има многу лудост и ако ме запознае целосно еден маж, ќе си замине од мене “, објаснува Делевин.
Фазата на женската љубов е веќе минато пак за убавицата Амбер Херд, која пред да стане сопруга на холивудската ѕвезда Џони Деп има долгогодишна врска со позната фотографка.
“Женската сексуалност е флексибилна и поадаптибилна отколку машката. Жените имаат тенденција да ја избираат етикетата “хетеросексуалност”, но без да се целосно категорични за изборот “, вели истражувач Елизабет Макклинток од Универзитетот во Индијана.
