Американките сега изгледаат позадоволни од телесната тежина, отколку што беа пред 30 години, покажуваат прелиминарните резултати од истражувањето, цитирани од EurekAlert.
Откако ги анализирале резултатите од над 250 студии, кои зафатија повеќе од 100 000 учесници, научниците констатирале дека чувството на незадоволство меѓу жените поради фигурите е значително намалено меѓу 1981 и 2012 година.
“Во последните неколку години сè почесто се забележува чувство на задоволство, кога станува збор за телесната тежина”, вели раководителот на истражувањето Брајан Карас од колеџот Улстер во Охајо.
Заклучоците му доаѓаат малку откако Националните здравствени институти на САД објавија дека околу две третини од возрасните Американци се со прекумерна тежина или дебели.
Претходното истражување во 90-тите години на минатиот век покажа дека се зголемува бројот на жените кои се незадоволни од телесната тежина. “Чувството на незадоволство може да го зголеми ризикот од пречки во исхраната и депресија”, истакна Карас.
Новиот метаанализ гти истражувал промените во два аспекта на чувството на незадоволство со време поврзани со фигурата и мускулатурата.
По 31-годишен период во кој било оценето предизвикано од телесната тежина чувство на задоволство, се покажало дека незадоволството кај жените постепено се намалува, додека кај мажите останува непроменето.
Втора анализа на друга 81 студија поврзани со претстави за телото и мускулатурата и зафатија 23 000 учесници, открил дека мажите се повеќе незадоволни од големината на мускулите отколку жените. Тоа чувство останало непроменето за двата пола во 14-годишниот период на студиите.
Научниците се на мислење дека добиените резултати може да се објаснат со неколку фактори, вклучувајќи со ставот дека социо-културните идеали постепено се менуваат.