Режисерката Фани Арда сака да ја раскаже приказната за апсолутна власт
Уметникот е толкуван од францускиот актер Пол Па. Според заплетот, на него му е наложено да изготви грандиозен споменик во чест на шефот, како резултат на што паѓа под сомневањата на агентите на КГБ. Актерката Емануел Сение пак од своја страна ја игра улогата на Лидија.
“Многу сакав да имам приказна за апсолутната власт и сакав улогата да одговара на големината на личноста на Жерар”, вели Фани Арда. “Во филмот си ги истражувам односите меѓу власта и уметникот. Како да не ја изгубиш својата душа? Се сетив за уметници како Ана Ахматова и Осип Менделштам, на кои им било потребно да живеат во атмосферата на тој терор .
