Жерновски: По заминувањето Заев нема да биде човек од сенка

од Nikola Popovski

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи и екс-градоначалник на Центар, Андреј Жерновски не смета дека Заев ќе калкулира со оставката од лидер на СДСМ.

-Не мислам дека по неговото заминување се прави обид за човек од сенка, туку желба да се остави една сериозна стабилна состојба во државата и партијата и државата да продолжи со истиот курс. Со раководство на партијата и коалициските партнери е разговарано. Околу ситуацијата за две различни личности, еден премиер, а друг претседател на СДСМ, по разговорите со стратешките партнери, се дојде до ставот дека треба да биде само една личност, потенцира Жерновски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини