Жестоки артилериски напади на турската војска на Африн: Кога ќе го заземеме градот, нема да го вратиме на режимот!

од desk2
127 прегледи

Портпаролот на турскиот претседател порача дека кога турската армија ќе успее да ја превземе контролата над градот Африн во Сирија, потоа нема да му го врати на режимот.

Турската армија ноќеска извела жестоки артилериски напади на северниот сириски град Африн. Сирисите курдски сили – таканаречените „Единици за заштита на народот“ (YPG), пренесуваат дека во гранатирањето биле убиени најмалку 18 лица.

Понатаму од “YPG” пренесуваат дека се водат жестоки борби во околината на градот и дека турската армија заедно со милитантите лојални на Анкара синоќа се обиделе да се пробијат во самиот град од северната страна, но нивниот напад бил одбиен.


Бруск Хасакех, портпарол на курдските „Единици за заштита на народот“, откри дека “YPG”, како и женските единици “YPJ” ќе му пружат максимален отпор на турскиот окупатор.

Сепак, многумина стравуваат дека турската армија би можела наскоро да го заземе градот, а извори откриваат дека само во последните 24 часа, околу 10 илјади луѓе побегнале од градот.

Интересна беше и изјавата на портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин кој што вчера порача дека Турција ќе ја превземе контролата над Африн откако ќе го заземе тој град.

„Немаме никаква намера да му го предадеме градот на сирискиот режим“, изјави портпаролот на турскиот претседател.