Жител на Тетово без дозвола изградил викендица на државно земјиште

од Берта Китинска

Жител на Тетово изградил викендица на државно земјиште во атар на селото Лисец.

Пријавениот Х.А.(37) узурпирал катастарска парцела во државна сопственост и изградил викенд куќа без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган. На 19.06.2021, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека на наведеното место се врши бесправно градење, а по извршени проверки било утврдено дека во 2018 година пријавениот има поднесено барање за добивање правен статус на бесправен изграден објект што не кореспондира со фактичката состојба бидејќи објектот е изграден 2021 година.

Слични содржини