Жителите на Ново Маало за проектот кај Холидеј Ин: Имаме право на нормални услови за живот

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Сите оние кои од конфорот на своите станови се противат на проектот кај Холидеј Ин треба да дојдат и да ги погледнат условите во кои се живее овде. Повеќе од 50 години живот во услови како од 19 век, а фотографиите кои ги испраќаме бараме медиумите да ги објават во целост за сите да ги видат.

Овде нема ниту зеленило, ниту инфрааструктура, ниту основни услови за движење низ улиците. Се зборува за заштита на зеленилото, а факт е дека тука во моментов нема никакво зеленило освен руиниран асфалт и стари улици.

Според проектот ќе има многу пати повеќе зеленило од сега и навистина е нејасно зошто некој се противи на тоа. Даваме целосна поддршка на проектот со кој конечно се става крај на нашата голгота и хаосот кој владее среде центарот на Скопје.

Зошто ние како граѓани имаме помалку права од другите граѓани во Аердром, Карпош и останатите населби? Како тие може да градат на своите имоти, да надградуваат или реновираат, а ние сме дискриминирани и со години не може да си го решиме проблемот?

Овој проект го решава деценискиот проблем на преку 200 жители на Ново Маало и обезбедува многу зеленило и јавен простор. Силно ќе се спротиставиме на сите обиди да се запре овој проект кој за нас значи нормални услови за живот.

Слични содржини