Жителите на Петриња најверојатно ќе бидат евакуирани по последниот земјотрес

од Stefanija Kuzmanovska
579 прегледи

Жителите на Петриња, град во Хрватска, најверојатно ќе бидат евакуирани по денешниот земјотрес. Ова го изјави за „Вечерњи.хр“ градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ.

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја потресе областа Петриња околу 18 часот и се почувствува во централна Хрватска.

„Овој удар беше ужасен и носи нова параноична состојба, безизлезна состојба и состојба на несигурност. Ситуацијата е катастрофална бидејќи градот и остатоците од градот со толку потресен земјотрес јасно кажуваат дека мора да имаме нови безбедносни мерки. Мора да се дистанцираме што е можно повеќе. Ова е пораката, она што паѓа е опасно по живот и таа опасност демне зад секоја зграда. Епицентарот е во близина на Петриња и овие удари се толку страшни што мора да испратиме порака да одиме на оние безбедносни мерки што се поврзани со животот и сè друго во градот Петриња, особено за човек кој легнува во кревет денес. Тешко е да се помине ноќта во невозможни услови со страв и студ“, изјави Думбовиќ.

Хрватскиот весник неофицијално дознава дека станува збор за евакуација на жителите од самиот центар на градот каде земјотресот предизвика најголема штета, а во овој момент постои голем ризик да се живее на тоа подрачје додека земјотресите сè уште траат.

Во новиот земјотрес кај Петриња денеска, со јачина од 5,0 степени, беа оштетени неколку згради, екипите што ја проверуваа областа веднаш беа испратени на терен, а засега нема податоци за жртви, изјави портпаролот на Стожерот за отстранување на последици од потреси Младен Павиќ.

Досега пристигнаа три пријави за штета во објектите што веќе беа оштетени, а штета е евидентирана и во полициската станица во Петриња, изјави Павиќ за Хина.

Сите служби кои вршат увид на теренот веднаш излегоа на терен.

Со оглед на јачината на земјотресот од 5,0 и времетраењето од околу десет секунди, штетата е очекувана, додаде тој.

Слични содржини