Луѓето станува алтруисти по 45-годишна возраст и тоа е поврзано со животното искуство утврдија истражувачи од Универзитетот во Орегон, САД, соопшти БГНЕС. Во истражувањето учествуваа 80 мажи и жени на возраст од 18 до 67 години, соопшти Deccan Chronicle.
Волонтерите требало да одлучат дали сакаат да дадат пари за добротворни цели или да ги задржат парите за себе.

Покрај тоа стручњаците ја следеле активноста на мозокот со помош на апаратура. Волонтерите пополниле и прашалници кои влијаат на личноста .
Истражувањето покажало дека кај некои луѓе областите од мозокот поврзани со наградата, биле поактивни, кога тие ги оставиле парите за себе. Кај други обратно – овие зони се активирале кога давале пари за добротворни цели, што говори за алтруизам. Овие волонтери давале повеќе пари за добротворни цели и кај нив имало силно изразени социјални карактеристики.
Специјалистите го нарекле сето тоа заедничка добронамерност. Нејзиното ниво се покажало повисоко кај луѓето над 45 години. Вкупната добронамерност била поврзана и со религиозноста. Но тоа не било поврзано со полот, политичките ставови и нивото на приход. Научниците се убедени дека животното искуство ги прави луѓето алтруисти.