Словенскиот филозоф Славој Жижек вели дека Доналд Трамп го ужаснува, но доколу би бил Американец би гласал за него. Во интервју за американскиот медиум Канал 4, Жижек вели дека Хилари Клинтон е права опасност.
Според Жижек доколку победи Трамп ќе се екстремизира десницата, и ќе се засилат расистичките движења на белците, но од се ова „апсолутната инерција“ на Клинтон е поопасна од сите предизвици кои ги носи Трамп.

„Постојат опасности врзани со Трамп, но повеќе се плашам дека Хилари Клинтон заговара „апсолутна инерција“. Таа е за студена војна, поврзана е со банките, а се претставува како општествено прогресивна личност“, вели Жижек.
„Во секое општество постои мрежа на непишани правила за тоа како функционира политика и како се гради консензус.Трамп го поремети овој начин. Ако победи на изборите и демократите и републиканците ќе мора да се вратат на своите основи, па на тој начин може и нешто добро да се случи. Тоа е моја очајничка надеж. Америка се уште не е диктаторска држава, тој нема да воспостави фашизам. Тоа би можело да биде големо будење, би можело да биде покренат нов политички проце“, смета Жижек.