Обвинителството на Шпанија денеска објави дека поднесе тужба против сегашниот тренер на манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо поради затајување данок.

Португалскиот тренер должи на шпанските даночни власт 3,3 милиони евра, се вели во соопштението на шпанското обвинителство.
Мурињо е обвинет дека затајувал данок во 2011 и 2012 година додека бил тренер на Реал, пишува шпанскиот дневник „El Pais”.
Португалецот се товари дека во 2011 година не платил данок од 1,6 милиони евра, а година дена подоцна 1,7 милиони евра.
Судот вече го закажа сведочењето на Кристијано Роналдо за 31 јули, а пред него и за Мурињо. Од истите причини обвинети и казнети е Лионел Меси, Хавиер Маскерано, Алексис Санчез и Нејмар.