Жртвата на принцот Ендрју: Имав 17 и морав да го усреќам

488 прегледи

Вирџинија Робертс, жената која тврди дека била присилена да има однос со принцот Ендрју, во време кога тој бил близок пријател со милијардерот и педофил Џефри Епштајн, даде интервју за BBC.

Вирџинија, која тврди дека двајцата ја силувале кога имала само 17 години, изнесе тешки обвинувања на сметка на синот на кралицата, кој отстапи од сите кралски должности поради скандалот со Епштајн.

– Ми рекоа дека морам да го усреќам исто како и Џефри. Не можев да кажам не бидејќи Епштајн тоа го очекуваше од мене. Принцот Ендрју беше ужасен додека танцувавме и цело време се потеше. Неговата пот капеше по мене – започнала Вирџинија.

Таа неколку пати спиела со принцот, а во една прилика, како што наведува, учествувале во оргии.

– Тој знае што се случи, знам и јас. Само еден од нас ја зборува вистината, знам дека тоа сум јас – рекла Вирџинија која бара од Британците да бидат со неа и да и помогнат во борбата.

– Не е ова приказна за секс. Ова е приказна за трговија со луѓе. Ова е приказна за злоставување – рекла Вирџинија.

За потсетување, принцот Ендрју вели дека не се сеќава дека некогаш ја запознал Вирџинија иако во јавноста протекоа нивни заеднички фотографии.

Слични содржини