Жуниор Реис Родригез официјално нов играч на Вардар

од desk2
120 прегледи

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го официјализираше првото засилување за зимскиот преоден рок. Бразилскиот интернационалец Леовигилдо Жуниор Реис Родригез, е нов фудбалер на „црвено-црните“.

  • Жуниор го стави потписот на договор кој е во траење на една година, со можност истиот да се продолжи на плус уште една година. Тој дојде од екипата на Македонија Ѓорче Петров, има 23 години и игра на позицијата лев бек, објави Вардар на клупскиот сајт.

„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим, и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува бодови, и секако се надевам на освојување на шампионската титула уште оваа сезона“, изјави Жуниор.

Новиот фудбалер веќе е со екипата на подготовките во Аланија, Турција каде што веќе настапи на првите два контролни натпревари. Бразилецот вели дека е одлично примен и очекува добри подготовки и успеси во пролетниот дел.

  • Добро се вклопувам во новата средина, и одлично сум примен од новите соиграчи. Сега останува добро да работиме и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам на добри игри и на добри резултати во вториот дел од сезоната, и се разбира посакувам прво место на крајот, додава новото засилување на „црвено-црните“.