Зидан го презема Баерн? Постави услов кој Германците мора да го исполнат

од Nikola Popovski

Зинедин Зидан, познатиот француски фудбалер и тренер би можел да стане нов стратег на Баерн Минхен. На денот кога Јулијан Нагелсман отпадна од приказната бидејќи го продолжи договорот со Германија, Баерн најде ново, уште позвучно име.

Зидан е без работа од летото 2021 година кога го напушти Реал, а како што ексклузивно објави „Мундо Депортиво“, многу лесно може да стане дел од германскиот гигант со кој имал успешни разговори.

Освојувачот на „Златната топка“ во 1998 година сепак му поставил голем услов на Баерн. Имено, тој побарал од лидерот да вложи многу пари во засилувања на последната одбранбена линија.

Томас Тухел по крајот на сезоната ќе го напушти Баерн, па се очекува наскоро Зидан да биде официјализиран како нов менаџер.

Слични содржини