🎥Крос со емотивна реакција на неговиот крај во Реал

од Vladimir Zorba

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос реагираше емотивно на неговото збогување со шпанскиот клуб. Ова се случи во натпреварот од последното 38. коло на шпанската Ла Лига, во кој „кралевите“ ремизираа 0-0 со тимот на Бетис. Натпреварот беше на „Сантијаго Бернабеу“, а навивачите на трибините му аплаудираа на Крос, кој на емотивен начин прифати се и се расплака, а по излегувањето од теренот беше пречекан од неговите деца.

„Реакцијата на моите деца буквално ме уништи… Сега не е лесно да се каже ништо. Можам само да им се заблагодарам на сите навивачи на Реал Мадрид, на мојот клуб и на целиот тим. Поминаа 10 незаборавни години“, рече Крос.

Крос оваа сезона одигра 47 натпревари во сите натпреварувања. Во нив тој постигна 1 гол и 9 асистенции, а ќе има шанса да игра уште еднаш во претстојното финале на Лигата на шампионите против екипата на Борусија (Дортмунд).

Според порталот Трансфермаркт, вредноста на играчот е 12 милиони евра.

Слични содржини