Зидан: Роналдо не престанува да прави неверојатни работи

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги поздрави своите момчиња по целосниот пресврт од 0:1 до 3:1 против ПСЖ синоќа, кој во голема мера го испраќа европскиот шампион во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Сите се претставија одлично од првата до последната минута. Победата ни е целосно заслужена. Задоволни сме од резултатот и од начинот на кој се разви средбата. Вршевме пресинг длабоко во нивната половина и игравме по планот, дури и тогаш кога губевме во резултатот“, прокоментира Французинот.

„Ние покажавме карактер, а навивачите не поддржуваа цело време. Победата со 3:1, меѓутоа не ни гарантира ништо пред реваншот. Не треба да бидеме премногу самоуверени во реванш натпреварот. Ова ќе биде сосема поинаков дуел и ние сме свесни дека нема да е лесно за нас. Го видовме тоа минатата сезона“.

„Го пуштив Иско како стартер, за да имаме подобра контрола над топката и тоа се случи, бидејќи на овој начин имавме четворица играчи во средината на теренот против тројца на противникот. Иско одигра многу силен натпревар. Кристијано Роналдо не престанува да прави неверојатни работи. Лигата на Шампионите е многу важна за нашиот клуб. Реал го освоил турнирот 12 пати и играчите се свесни колку е важен трофејот“, додаде Зизу.

Слични содржини