Зиков се откажа од директорското место во МЕПСО

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Љупчо Зиков, новинар и сопственик на неделникот „Капитал“ кој на 6 август беше именуван за директор за финансии на МЕПСО, денеска преку Фејсбук информираше дека се откажал од новата позиција.

„Да се каже најлошо за мене и моето семејство деновиве не се бираа зборови. Јавноста ја лажеа брутално. Многу пизма и зли мисли. Хипокризија. Инбоксот мој полн со клетви и конкретни закани … Се измислуваа разни проблеми и причини …  Премногу е. Не вреди тоа толку.
Затоа решив да ја вратам назад поканата и да се заблагодарам. Јас не сакам мојот избор на било каков начин да и наштети на имиџот на оваа Влада во чија програма и премиер силно верувам …
Оттука, му благодарам на премиерот и вицепремиерот за економија на укажаната доверба. Ајде друг пат“, напиша Зиков на Фејсбук.