Зинченко му посака болна смрт на Путин, Инстаграм му ја избриша објавата

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Украинскиот фудбалски репрезентативец Олександр Зинченко реагираше многу остро откако Русија и објави војна на неговата земја.

Дефанзивецот на Манчестер Сити објави „стори“ на Инстаграм, во која му посака болна смрт на рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, предметната публикација била брзо симната, а според „Дејли Мејл“, фудбалерот за ова ја обвинува социјалната мрежа.

„Се надевам дека ќе умреш од најболната смрт, ѓубре“, беше коментарот на фудбалерот на фотографијата на Путин што ја прикачи.

Ова не е прва објава на Зинченко на оваа тема на Инстаграм.

„Целиот цивилизиран свет е загрижен за ситуацијата во мојата земја. Не можам да стојам настрана и да не го кажувам своето мислење. На сликата е мојата земја. Земјата во која сум роден и израснат. Земјата чии бои ги бранам на меѓународно тло. Земјата која се обидуваме да ја прославиме и развиеме. Земја чии граници мора да останат недопрени. Мојата земја им припаѓа на Украинците и никој никогаш нема да може да ја присвои. Нема да се откажеме! Слава на Украина“, напиша тој вчера.

Дефанзивецот објави и „стори“ со фотографии од неговиот соиграч Роман Јаремчук, кој по синоќешниот гол за Бенфика против Ајакс во Лигата на шампионите покажа маица со грбот на Украина, која ја носеше под својот дрес.

Слични содржини