Зинченко: Сите ја знаат ситуацијата во Украина, секој натпревар е како финале

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Украинскиот дефанзивец Олександр Зинченко изјави дека победата од 3-1 над Шкотска би била целосно ирелевантна доколку тимот не успее да го победи Велс на гости во недела.

Двете селекции се среќаваат во Кардиф, а победникот од мечот ќе се пласира на Светското првенство во Катар на крајот на годината.

Поради војната во Украина, мечот од баражот со Шкотска беше одложен од март за јуни, што се одрази на одржувањето на финалниот меч со Велс.

„Сите се свесни за ситуацијата во Украина и знаат дека за нас секој натпревар е како финале. Сонуваме да се пласираме на Светското првенство, па имаме уште еден натпревар, уште едно финале пред да го исполни тој сон. Мораме да победиме. во спротивно нашата победа над Шкотска ќе биде неважна“, изјави Зинченко за Sky Sports.

„Ни претстои многу важен натпревар. Сите го разбираме тоа и секој ќе мора да го даде максимумот од себе. Ако го направиме тоа, ќе видиме што ќе се случи“, додаде фудбалерот на Манчестер Сити.

Слични содржини