Златен лав за „Обликот на водата“ на Гилермо дел Торо

од Vladimir Zorba

Мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо, Французинот дебитант Ксавиер Легран, израелскиот режисер Самуел Маоз, се меѓу победниците во 74-тиот филмски фестивал во Венеција. Победниците беа прогласени во саботата од меѓународното жири на фестивалот, предводена од американска актерка Анет Бенинг.

Големата награда – “Златен лав”, ја доби лентата на мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо за “Обликот на водата”. Фантастичниот и малку хорор филм на Гилермо дел Торо е за нема, осамена жена која работи во исклучително тајна државна лабораторија.

Нејзиниот живот се менува засекогаш, кога открива класифициран експеримент со таинствено суштество. Филмот ќе излезе во кината на 8 декември 2017 година.

Наградени со “Сребрен Лав” – за најдобра режија, и со Големата награда на жирито, се младиот француски режисер Ксавие Легран и израелскиот Самуел Маоз.

Наградата за најдобро сценарио му беше доделена на Мартин Макдонах за лентата “Три билборда надвор од Ебинг, Мисури”.

За најдобар актер беше одличен Либанецот Камел Ел Баша, за играта во филмот “Навреда”. Наградата Марчело Мастројани за најдобар почетник актер или актерка отиде кај актерката Чарли Пламер.

Слични содржини