Кристијано Роналдо го доби признанието за Најдобар фудбалер во 2017 во изборот на Франс Фудбал, Португалецот се закити со петтата „Златна Топка”

Како што се очекуваше, престижната индивидуална награда, „Златна Топка“ заврши во рацете на Кристијано Роналдо, ЦР7 се изедначи со лутиот ривал Лео Меси, па сега двајцата во пет наврати се имаат закитено со овој трофеј.
„Со нетрпение го чекам овој период од годината” – рече Кристијано Роналдо откако ја доби „Златната Топка“ на церемонија која се одржа на Ајфеловата Кула во Париз.
„Многу сум среќен, ова е фанстичен момент од мојата кариера. Годината беше извонредна, ја освоивме Лигата на шампионите и Ла Лига, а бев успешен и на индивидуално ниво, завршив како прв стрелец во ЛШ. За оваа награда заслуга имаат и моите соиграчи, па сакам да им се заблагодарам”.
Во изборт зад Кристијано Роналдо заврши Лео Меси, а Нејмар се најде на третото место.
„Се надевам дека и јас и Меси ќе продолжиме да играме на врвно ниво уште долги години, се надевам дека битката ќе продолжи, овие работи се случуваат со причини”.
„Нејмар има голем талент, огромен потенцијал и сигурен сум дека во иднина ќе има шанса да ја освои „Златната Топка“”.