Знае ли да готви Селена Гомез? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поп-sвездата Селена Гомез го објави првиот трејлер за своето долго најавувано кулинарско шоу „Selena + Chef“, кое ќе биде прикажано на стриминг платформата HBO Max. Со оглед на трејлерот, се поставува прашањето, колку добро или ужасно готви пејачката? Таа вели, едноставно очајно.

Во смешниот трејлер, Селена призна дека не е „најдобрата готвачка“, а во неколку наврати сакала да повраќа поради мирисот на октоподот и храната што ја подготвувала.

Серијата ќе има десет епизоди, а е снимена за време на карантинот за време на пандемијата на коронавирус.

„Многу сакам да готвам. Многу пати реков во моето интервју дека да не бев пејачка, ќе се решив за кулинарска кариера. Јас не сум експерт, но за време на изолацијата навистина експериментирав со готвење и тоа ме смири“, рече претходно Селена.

Во секоја епизода, на пејачката ќе и се придружува експерт готвач со кого ќе подготвува храна за гледачите. Тие ќе споделат совети и ќе пробаат нови рецепти заедно, рекоа од „HBO Max“.

Слични содржини