За некои луѓе бракот е вредност, за други нема посебно значење. Да создадеш среќен и долг брак е исклучително тешко и е поврзано со многу напор од страна на двајцата партнери. Што не знаеме за него?
Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” споделуваме неколку интересни факти за бракот.
Знаете ли дека околу 75% од луѓето кои се венчаат за партнер по љубовна афера, завршуваат со развод?
Околу 300 двојки на ден се женат во Лас Вегас.
Паровите кои живеат заедно пред свршувачката, имаат повисок процент на разводи, отколку оние кои чекаат со заедничкиот соживот.
Повеќето брачни парови се најсреќни во третата година од нивниот брак.
Традицијата за размена на венчални прстени е вметната во Антички Египет.
Најдолгиот брак траел 91 година и 12 дена.
69% од браковите во Етиопија се случуваат преку киднапирање на идната невеста.
Знаете ли дека има фобија кон укинувањето? Таа се вика гамофобија.
Виетнамските паровите не можат да склучат брак, ако немаат потврда од лекар дека се ментално здрави.
Знаете ли дека Ајнштајн , Дарвин, Алан По биле во брак за свои први братучетки?
Ризикот од развод се зголемува, ако паровите склучат брак под 25 – годишна возраст. Исто така, ризикот од развод е поголем ако во двојката жената е постара од партнерот.
Знаете ли дека веројатноста бракот да заврши со развод во рок од 5 години од неговото склучување е 20%, додека веројатноста за соживотот да се распадне во рок од 5 години е 49%.
Браковите во кои партнерите прават ретко секс има ризик да се распаднат во рок од 12 месеци.
Според долгогодишна студија нивото на среќа на една личност пред бракот е најдобар индикатор за среќа по склучувањето на брак. Тоа значи дека ако не сме особено среќни пред свадбата, а потоа постои гаранција дека тоа ќе се промени.