Знаете ли дека… жените страдаат почесто од есенска депресија?

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Размислувајќи за поминатото лето, подготвени или не, треба да ја пречекаме есента. Една убава сезона, исполнета со толку бои, мирис на цимет и печена тиква и можеби малку меланхолија. Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” споделуваме некои шарени факти за есента.e9a7b5071f529954d9154915f764772c

Според научниците, наесен нивото на тестостерон кај двата пола значително се зголемува. Се претпоставува дека тоа може да се должи на древните инстинкти за парење во тоа време на годината.

Луѓето родени помеѓу септември и ноември имаат поголеми шанси да доживеат до 100 години.

Знаете ли дека животните и растенијата реагираат на промените поврзани со есента? На пример, секоја есен, тестисите на машките сибирски хрчаци се зголемуваат до 17 пати, за да се подготват за парење.

Знаете ли дека … според суеверието, фаќањето на есенски лисја додека паѓаат носи среќа?

Истражувања покажуваат дека жените губат повеќе коса на есен.

Спротивно на популарното верување, вервериците, кои ја имаат поминато целата есен во собирање на желади и други јадења, не поминуваат во хибернација. Напротив тие го поминуваат поголемиот дел од своето време во своите гнезда. За време на зимата излегуваат ретко за храна и копаат нешто како тунели во снегот за да ископаат храна.

Есенската депресија влијае меѓу 4 и 5% од луѓето и обично повеќе кај жени отколку мажи.

Зимзелените дрвја не ги губат лисјата есента како листопадни. Нивните иглички се покриени со слој восок. Ова ги штити од смрзнување.

Знаете ли дека луѓето кои живеат најблиску до екваторот, никогаш не се сретнале со есента. Околу екваторот температурата останува постојано речиси иста. Во тропските региони пак се јавуваат други сезонски промени, како сувите или дождливите периоди.

Жолтите и портокалови бои секогаш се дел од пигментацијата на листовите и тоа се должи на присуството на каротеноиди, но обично се скриени под хлорофилот (тој ја дава зелената боја на лисјата). Во есен, кога сонцето слабее и деновите стануваат пократки, количината на хлорофил во лисјата се намалува, што им овозможува на другите пигменти да ја покажат својата убавина.

За почеток на есента се смета есенска рамноденица што настапува во северната хемисфера околу 23 септември и околу 21 март во јужната хемисфера.