download (18)

Правилно негувана кожа значи и правилно исчистена од шминката која го уморува лицето. Многумина внимаваат на средствата кои ги нанесуваат, но добар дел од женската популација и не знае дека секое средство за чистење на лице не одговара на секаков тип кожа. Затоа прочитајте ги овие совети и одлучете, што ќе правите понатаму

1. Одредете прво каков тип на кожа имате

Средството за чистење мора да одговара на вашиот тип на кожа. За мрсна кожа се препорачува гел и лосион, додека сувата бара хранливо млеко, кое нема дополнително да ја суши. На чувствителната кожа и се неопходни природни состојки, без хемикалии. Влажните марамчиња за отстранување шминка би требало да се користат во ретки прилики, само кога патувате или немате друга можност да го исчистите лицето, советуваат козметичарите.

1-kako-da-napravite-domashen-tonik-za-chistenje-na-shminka-www.kafepauza.mk_

2. Внимавајте како ја чистите маскарата од трепките!

На трепките нанесете малку гел или млеко за отстранување на шминка и оставете го неколку секунди, па нежно тријте со памук и темелно отстранете ги остатоците од маскарата.

 

3. Измијте го лицето со вода на крај

После средствата за чистење задолжително измијте се, за порите да може да се отворат. Совет плус: Благ пилинг правете повремено, доволно е еднаш неделно или поретко и водете сметка состојките да одговараат на вашата кожа, се разбира откако ќе се советувате со козметичар, а не на своја рака.

Слични содржини